MK                            EN








За нас

ТОБИ ДОО е трговско претпријатие кое во последните 20 години се етаблираше на пазарот во Р. Македонија како специјализиран дистрибутер на резервни делови за дизел патнички, полутеретни, теретни возила, како и сите видови механизација (трактори, комбајни, багери, виљушкари и сл.)

Нашата продажна линија вклучува широк асортиман на производи, почнувајки од бош пумпи од сите видови, дизни, ињектори, напојни пумпи, елементи, друк вентили, грејачи, гарнитури дихтони, како за постарата генерација возила па се до најновите технологии (unit pumps, commonrail  и сл.)

Соработката со врвни компании од техничката индустрија како

Bosch, Delphi, Monark, Spaco, Firad

ни овозможува да нудиме производи со врвен квалитет за најдобри цени. Исто така, одличните односи со нашите добавувачи ни дозволува да излеземе во пресрет на сите потреби и барања на потрошувачите во најкус рок.

Ова се карактеристиките што ја прават Тоби Доо сериозна и успешна компанија:

  •       Нашите производи се со врвен квалитет, од најпознатите светски брендови од сферата на автоиндустријата
  •       Брзината и квалитетот на услугата е наша основна карактеристика
  •       Задоволството на клиентите е нашата главна цел
  •       Следењето на новите трендови и технологии од авто индустријата се нашата иднина